Култура

Шестмина добитници на наградата „ Македонска книжевна авангарда“

Соопштени добитниците на наградата “Македонска книжевна авангарда”, што се доделува за најдобра и најиновативна книга, објавена минатата година. Славица Гаџова Свидерска за книгата “Политики на стравот”, Бистра Кумбароска за книгата “Скршена, кршлива и други начини да се стане цела”, Огнен Неделковски за книгата “Ловци на лажни вести од зграда 39”, Марија Ралповска за книгата “Сенки во подземјето”, Ана Стојаноска за книгата “Лебед” и Славица Урумова Марковска за книгата “Алфа и Омега”, се шестмината добитници на наградата „ Македонска книжевна авангарда“, соопштија од Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „ Македонија презент“.
Селекцијата на делата ја направи проф.д-р Христо Петрески, а на конкурсот пристигнале вкупно 17 објавени книжевни остварувања.
Поради пандемијата, наградите нема да бидат врачени на свечен настан, туку добитниците ќе ги добијат по пошта .
Досегашни добитници на наградата се: Елена Пренџова, Марина Мијаковска, Дејан Трајкоски, Стефан Марковски, Ана Бунтеска, Бистра Илин Шеќеровски, Даниела Андоновска – Трајковска, Митко Гогов и Габриела Стојаноска – Станоеска.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стоечки овации и бис по изведбата на „Кармина Бурана”

Дејан Дејан

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Македонската филхармонија вечерва во Солун со „Кармина Бурана“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе