Вести Македонија

Шеснаесет граѓани на Авганистан од Македонија заминуваат за Канада

Од Меѓународниот аеродром Скопје утрово кон Канада заминаа група од шеснаесет граѓани на Авганистан, за кои во изминатиот период нашата земја обезбеди привремен престој како дел од светската хуманитарна акција за помош на продемократското население во Авганистан кое е во опасност од новиот талибански режим во таа земја.

-Станува збор за вработени, соработници и членови на нивните семејства на меѓународната организација „Отворено владино партнерство“ каде што Северна Македонија е официјална членка. Претходно во два наврата заминаа уште десетмина граѓани на кои, исто така, крајно одредиште им е Канада, соопшти владиниот портпарол Душко Арсовски на редовната прес-конференција.

Во земјава во моментов престојуваат 542 авганистански граѓани на кои, рече Арсовски, институциите им ја даваат потребната поддршка и помош.

Од земјава досега заминаа 178 цивили на кои траен престој им обезбедија повеќе држави низ светот, додаде владиниот портпарол.

Престојот во Македонија заврши за уште 43 граѓани на Авганистан

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бројот на жртви во поплавите во Тексас се искачи на 59 – стотици спасувачи трагаат по исчезнати

Дејан Дејан

Пожар кон граничниот премин Блаце, се шири кон шума

Дејан Дејан

Во Катар почнуваат преговори меѓу Израел и Хамас за прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе