Вести Економија Македонија Најважни

Дали Владата го помага ЕСМ или ги субвенционира ЕВН и БЕГ?

Приватните БЕГ и ЕВН ги спасува државата со народни пари од Буџетот пари кои ги пумпа во ЕСМ за да не банкротираат.

Сепак ставот на Владата, односно министерот за екномија Крешник Бектеши, е дека државата не субвенционира приватни фирми туку го помага државното ЕСМ.

Владата вчера одлучи да одвои дополнители 47 милиони евра, покрај веќе одобрените 65 милиони за ЕСМ, за набавка на струја, јаглен и купување на струја но и да му дозволи на ЕВН фактурите за декември и јануари за купена струја од ЕСМ, кои според информациите на Телма се околу 32 милиони евра, да ги плати во јули.

А за граѓаните нема можност своите сметки кон БЕГ и ЕВН да ги платат со грејс период од шест месеци, бидејќи ликвидноста на компаниите е во прашање.

Па така граѓаните и преку сметките и преку Буџетот ќе продолжат да придонесуваат за финансиската стабилност на овие две компании.

Во моментов БЕГ со кој раководи ЕСМ купува гас од сестринската ТЕ ТО со државни пари и за тоа ТЕ ТО и фирма од Кипар си наплаќаат маржа, а потрошените пари ќе треба да ги врати догодина.

ЕВН уредно ги наплаќа сметките на граѓаните но нема да  треба да го подмири веќе доспеаниот долг кон ЕСМ до јули а раководството на компанијата допрва ќе одлучува дали ќе бара грејс период и за фактурите кон ЕСМ кои допрва ќе пристигаат.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бројот на жртви во поплавите во Тексас се искачи на 59 – стотици спасувачи трагаат по исчезнати

Дејан Дејан

Пожар кон граничниот премин Блаце, се шири кон шума

Дејан Дејан

Во Катар почнуваат преговори меѓу Израел и Хамас за прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе