Вести Ковид19 Свет

Во светот над 400 милиони лица заразени со коронавирус од почетокот на пандемијата

Над 400 милиони лица ширум светот се заразени со коронавирус од почетокот на пандемијата, покажуваат податоците на американскиот универзитет Џон Хопкинс.

Пред еден месец, Универзитетот објави дека бројката изнесува 300 милиони заразени.

Според официјалните податоци, околу 5,8 милиони луѓе ширум светот починале од коронавирус. Сепак, според некои набљудувачи, реалните бројки се значително повисоки, бидејќи многу инфекции и смртни случаи остануваат надвор од официјалната статистика.

Дополнително, постојат одредени несовпаѓања во достапните податоци.

На пример, Светската здравствена организација неодамна објави дека има 397 милиони случаи на инфекција ширум светот. САД објавија најголем број потврдени случаи на коронавирус – 77 милиони заразени од пандемијата од 330 милиони луѓе во земјата. Бројот на случаи во Индија, со население од околу 1,3 милијарди, досега е 42 милионa. Бразил, со население од 210 милиони, пријави нешто помалку од 27 милиони инфекции.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Недоволен буџет за здравствена заштита и застој во изградбата на нови болници, регистрираат ревизорите во извештајот за 2023

Дејан Дејан

Рашче под притисок, дивите приклучоци го уништуваат капацитетот

Дејан Дејан

Разговори за можно примирје во Појасот Газа во Белата куќа- Нетанјаху на вечера кај Трамп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе