Вести Ковид19 Македонија

Регистрирани нови 1.722 заразени со Ковид-19, починати се 25 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часан се направени 4.939 тестови, а регистрирани се 1.722 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 1.011, Кавадарци – 85, Куманово и Битола – по 83, Прилеп – 51, Тетово и Велес – по 50, Гостивар – 37, Валандово – 30, Охрид и Кичево – по 26, Радовиш – 22, Гевгелија – 21, Струмица – 20, Неготино – 19, Струга – 17, Кочани – 13, Делчево и Богданци – по 12, Крива Паланка – 11, Ресен – 9, Штип – 5, Свети Николе – 4, Берово, Дебар, Виница, Кратово, Демир Хисар и Пехчево – по 3, Дојран – 2, Пробиштип, Крушево, Македонски Брод, Македонска Каменица и Демир Капија – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (1.722), регистрирани се 250 реинфекции.

Регистрирани сe 1.942 оздравени пациенти од: Скопје – 663, Битола – 250, Кавадарци – 151, Куманово – 106, Тетово – 82, Кичево – 64, Прилеп – 62, Велес – 61, Гевгелија – 51, Струмица – 50, Ресен – 45, Неготино – 43, Гостивар – 42, Охрид – 33, Струга – 27, Радовиш – 22, Штип – 21, Кочани – 20, Крушево – 19, Валандово и Свети Николе – по 18, Богданци – 16, Делчево и Крива Паланка – по 15, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 8, Берово – 6, Дојран и Демир Капија – по 5, Кратово – 4, Дебар, Виница и Пробиштип – по 3, Пехчево – 2, Демир Хисар – 1.

– Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 16 починати лица: 6 починати лица од Скопје (61г, 72г, 73г, 75г , 79г и 88г), и по едно починато лице од Битола (69г), Велес ( 68г) Делчево (71г), Демир Хисар (80г), Крива Паланка (85г), Неготино (65г), Радовиш (78г), Струга (64г), Струмица (65г) и Тетово (83г). Од пријавените лица, 15 се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови, наведоа од МЗ.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 9 починати лица, Скопје (2), Охрид (2), Богданци (2), Свети Николе (1), Делчево (1) и Кочани (1). Починатите се на возраст од 47г до 92г. Од пријавените лица пет лица се починати во болнички услови и четири лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 23.01.2021 – 05.02.2022г.

Од вкупниот број на починати лица (n=25), 7 лица се целосно вакцинирани, а кај 23 лица се регистрирани коморбидитети.

Направени се 4.939 тестови преку: ИЈЗ-526, ЦЈЗ Скопје-88, ЦЈЗ Битола-95, ЦЈЗ Прилеп-52, ЦЈЗ Тетово–7, ЦЈЗ Куманово-115, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–4, Жан Митрев (Филип Втори)-133, Авицена-179, Биотек-314, Систина-140, лабораторија Лаор-115, Синлаб-39, Ремедика-22, Плодност-52, Генеа-25, Никоб Лаб-480, ВФВ Медикал-50, Ели Медика-94, Ројал Медика–34, Спектра-ММ-47, Рапид Лаб–12, Жан Митрев Струмица–10, Нова Лаб Дијагностика–2, Рамус-39, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.261.

Досега во земјата се направени вкупно 1.826.611 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 280.594, бројот на оздравени пациенти е 259.898, на починати е 8.624, а бројот на активни случаи изнесува 12.072.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна дел од надстрешница на „Кнез Михајлова“

Дејан Дејан

Народна банка: Сѐ повеќе граѓани плаќаат со платежни картички

Дејан Дејан

Пред два месеци заврши тендерот за инсулин, а уште немаме терапија, реагираат дијабетичарите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе