Австриецот Матијас Мајер триумфираше во машкиот супервелеслалом и го одбрани златото од пред четири години во Пјонгчанг.
Тој воедно влезе во историјата на како вкупно трет скијач кој успеал да освои златни медали во три дисциплини на три Олимпијади откако беше најдобар и на спустот во Сочи и им се приклучи на Кетил Андре Омот и Дебора Компањони.
Втор со заостанување од четири стотинки беше Американецот, Рајан Кохран додека трет е Александер Омот Килде од Норвешка.
Осумнаесет годишната Ајлин Гу од Кина го освои златниот медал во слободно скијање во дисциплината Big Air. Таа во финалето имаше за 0,75 поени повеќе до тројната светска шампионка Тес Ледо од Франција, а со бронзата се закити Матилде Гермауд од Германија.
Естер Ледецка од Чешка славеше во паралелниот велеслалом во сноуборд и го одбрани трофејот од Пјонгчанг и стана првата спортистка која на една Олимпијада освои златни медали во два различни спорта.
Ледецка по триумфот во супервелеслалом во алпско скијање славеше и во финалето во сноуборд каде беше поуспешна од Австријката, Даниел Улбинг. На третата позиција се пласираше Словенката Глорија Котник.