Расфрлано ѓубре заглавено околу влезот на МВР-Управните служби од задната страна на зградата на МТВ.
Од фотографиите се гледа дека ѓубрето стои со денови и дека никој не го чисти.
Влезот во Управните служби го користат покрај десетици службеници на МВР и стотици граѓани кои секојдневно одат во оваа зграда кога треба да извадат лични карти, изводи за новороденчиња, пасоши и возачки дозволи.
Објектот се наоѓа во општина Центар, градот Скопје и ЈП Комунална Хигиена пак е задолжено за чистење на градот, додека МВР управува со просторот кој е во зградата на МТВ. Но ниту една од 4-те институции не го „расчистила“ овој прометен дел од главниот град.