Обвинителката Јована наместо на истрагата против Владан (улога на Драган Бјелогрлиќ) мора да се насочи на решавање на сопствените проблеми и на жртвата предизвикана од стара никогаш прежалена љубовна врска. Наоѓа сојузник онаму каде што не го очекува.
Владан Симоновиќ веќе има сознание кој го организира целиот заговор против него, но во реалноста резултатите на неговата истрага не се поклопуваат со веќе смислениот (не)пријател.
Неговиот син Бојан има проблеми и не знае кому да верува. Понудата за комбинатот Дунав мора да ја зголеми иако знае дека корпорацијата Сигма има помалку од до небо високата сума за наддавање.
Владан Симоновиќ ќе добие пријателска понуда за средба во магацините на Дунав, додека неговата љубовница доби уште една, нова понуда за соработник на истрагата против „тајкун“-от.
Инспекторот Никола се обидува да се зближи повторно со обвинителката Јована во обид да дознае што стои зад нејзиното криење од сите на кои им верувала.
Мистеријата од минатото, фабриката Сабанта е клучот за сите сплетки. Но никој не знае кој го има тој клуч и што сака да отклучи со него. А сите во близина на Владан имаат врска со Сабанта и сите се потенцијални осомничени за неговите маки.
Седмата епизода на „Тајкун“ е во 22:10 на Телма во среда (09.02.2022.)