Временска прогноза

Променливо облачно, ветровито и постудено – Временска прогноза за 8.2.2022

Утре ќе се задржи променливо облачно, со пониска дневна температура, во интервал од -3 до 8°C, па ќе биде постудено.  Претежно во планинските подрачја ќе провејува слаб снег, а ќе дува силен ветер од северен правец, особено изразен вдолж Повардарието и во источните делови од земјава.

Агропрогноза:

Општо, стабилното време во изминатата седмица, со исклучок на вторникот кога беа забележани и врнежи од снег при што се формираше и снежна покривка и на пониските места, додека на повисоките планини само ја зголемија покривката, со температури кои беа во границите на просечните, поволно се одразија врз земјоделските култури, од аспект што ја одржуваа состојбата во услови на мирување состојба која е неопходна во овој период.

Во оваа седмица се очекува постепено стабилизирање на времето особено после вторник или среда кога ќе има и повеќе сонце, и зголемување и на утринските и на дневните температури, кои треба да се движат во границите од -2 до 5°С утринските, и од 3 до 15°С дневните, или најчесто да се движат околу 11 или 12°С, што сѐ уште не претставува закана за културите од аспект на предвремено потерување на вегетацијата кај овошките.

Ваквите временски услови сѐ уште им годат на културите во услови за презимување. Препораката останува, доколку почвените услови тоа го дозволуваат земјоделците да влезат во нивите и да  отпочнат или да продолжат со кроење на виновата лоза и овошките, која е обемна операција и потребно е време да се заврши навреме.

Снежната покривка на планините влева надеж за полнење на акумулациите, кои се на многу ниско ниво, но ваквата снежна покривка сѐ уште не е доволна.

Информација од утрово:

 Минимална температура (во °C)

-4 Скопје-Петровец, Попова Шапка, -3 Битола, Берово, -2 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Струмица, -1 Крива Паланка, 0 Штип, Куманово, 1 Прилеп, Виница, Лазарополе, 2 Маврови Анови, Kрушево, 3 Претор, Гевгелија, 4 Охрид, Дојран, 5 Д.Капија.

Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)

30 Маврови Анови, 20 Попова Шапка, 19 Крушево, 16 Пожаране, 10 Ѓуриште.

 Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 2.7.2025

Дејан Дејан

Сончево и топло, со постепен пораст кај температурата – Временска прогноза за 1.7.2025

Дејан Дејан

Сончево со мала до умерена облачност – Временска прогноза за 30.6.2025

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе