Владан е приведен, но сведок на злосторството за коешто е обвинет- преживеа и го знае ликот на вистинскиот убиец. Колку тоа може да влијае на судбината на осомничениот?
Во 6-тата епизода, на една страна е тајкунот Владан Симоновиќ (актер Драган Бјелогрлиќ) на спротивната, во улога на ловец е обвинителката Јована. И двајцата стануваат свесни дека минатото стигнало во реалноста за да ги наплати старите долгови.
Владан заедно со старите парнери Вера и Мирчев (Анита Манчиќ и Светозар Цветковиќ) се обидува да ја реши загатката, присетувајќи се на одамна заборавени крвави случувања во кои тројцата биле актери и инспиратори.
Станува збор за стар фабрички комплекс за воено производство, случај во кој еден новинар е убиен затоа што истражувал каде одат државните пари. Но, во случувањата со фабриката за оружје и муниција, трагедија преживува и многу близок на Владан.
Синот Бојан и натаму солира на сопствениот пат кон врвот на фамилијарната корпорација иако неговиот татко се уште во него гледа единствен наследник на компанијата Сигма, но бизнисот привремено го остава во сигурните раце на соработничката Лидија.
Преговорите за купување на агро-комбинатот Дунав сега Владан Симоновиќ ги прави со инсајдерски информации за постоење на опасна хемиска фабрика во кругот на комбинатот кој многумина сакаат да го купат од државата.
Врската меѓу обвинителката Јована и инспекторот Никола е заглавена во мистериозната порака која ја доби обвинителката од многу влијателни познаници.
„Тајкун“ е во редовниот термин, 22:10 и во вторник (08.02.2022.) на ТВ Телма.