Вести Култура Македонија

Доцнат резултатите од конкурсите за поддршка на проектите од национален интерес

Пролонгирањето на рокот за објавување на резултатите од конкурсите за поддршка на проекти од национален интерес ќе има реперкусии врз реализацијата на проектите, реагираат уметниците.

Посебно оние кои пријавиле повеќедневна или повеќе месечна програма и сега не знаат дали ќе можат да почнат на време, колку се финансирани од Министерството за култура и слично. А за автори кои пријавуваат некои помали проекти мислам дека нема да има големи реперкусии, изјави Исто Улчар.

Дел од нив сметаат дека пролонгирањето ќе има негативно влијание врз проектите во кои се вклучени странски уметници.

Организации како нашата да речеме или слични кои имаат соработка со странство, односно со некои европски музичари или американски сеедно кога работите со странство сепак сте обврзани со рокови каде што секој следен ден, кога доцниме има реперкусии и помалку изгледа несериозно од наша страна, меѓутоа тоа не зависи од на, – вели претседателот на ЗЏМ, Гоце Стефковски.

Во изминатиот период, стручните комисии засилено работеа и во зададениот рок ја донесоа програмата за националните установи.

Имајќи ги предвид побарувањата и роковите на корисниците, со забрзано темпо се работи и на завршување на процесот за донесување на комплетната програма и за другите корисници, велат од надлежното министерство .

Процесот на одлучување и оценување од страна на стручните комисии е во финална фаза. Правното толкување на член 65 во Законот за култура вели дека рокот за објавување на програмата не е преклузивен односно дека изрично не е забрането негово продолжување, соопштија од Министерството за култура.

Резултатите од конкурсите требаше да бидат објавени до 20 јануари, но поради пролонгирање на роковите за пријавување, заради недоставена комплетна документација на апликантите кои за прв пат се пријавуваа по електронски пат  резултатите ќе се знаат најдоцна до средината на февруари.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе