Вести Македонија Најважни

Бугарската истрага заклучи – возачот на автобусот е виновен за трагедијата

Се укажува дека возачот на автобусот е виновен а тој е мртов. Вака бугарските истражители и обвинителството ќе ја затворат истрагата за несреќата во која загинаа 45 мна државјани на македонија на автопатот струма во бугарија.

Заклучокот е дека причина е единствено човечка грешка и со тоа и ќе се заклучи овој случај. Истражителите не најдоа никакви пропусти ниту во сигнализацијата на патот.

“Со сигурност може да се каже дека нема друга причина освен однесувањето на возачот на автобусот. Навистина линиите на хоризонталната сигнализација, страничните линии се поизбледени, но не се невидливи. Во тоа време немало магла, ништо друго не ја намалувало видливоста освен ноќните услови и до избвесен степен влажниот коловоз поради ситнитиот дожд. Средната линија е доста јака и таа е скоро исполнета и со сигурност е јасно видлива” – изјави Младен Петров од националната истражна служба.

Проверени се и сите претпоставки за присуство на запаливи течности во автобусот и јасно е утврдено дека такви немало. Утврдено е дека во Автобусот навлегла заштитната ограда кога тој удрил во неа, се создал притисок на резерворот за гориво и горивото се запалило од големото искрење.

“Состојбата на автобусот како што е техничката исправност, и подготвеноста за патување на релацијата но и она што го превезувал беа предмет на многу детално истражување. Имаше многу претпоставки но апсолутно сите се отфрлени и категорично може да се каже дека нема никакви показатели за пренос на запааливи материи. Оштетубањето на автобусот и горивото довеле до запалување на автобусот, а од тука па натаму пожарот се развивал многу бргу” – тврди Петров.

Но, нема објаснување зошто толку бргу огнот се разгоре а целото возило исгоре сосе патниците за само неколку минути. Сега се чека обвинителите да шресечат околу крајот на истрагата. по ова истражителот најави дека ќе бидат вклучени и роднините на загинатите и преживеаните осуммина патници за правата кои им следуваат.

Државниот обвинител на Македонија, Љубомир Јовески, неодамна не ја отфрли можноста дека роднините имаат право на жалба на одлуката на бугарското обвинителство.

Рече дека може да поднесат и граѓанска тужба за надоместување на штета. Можат да побараат и увид во списите на предметот рече Јовески.

Во земјава пак се уште се води предистражна постапка.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европа да се обедини, реформите се тешки, уставните измени главен услов – пораки од еврокомесарката Кос

Дејан Дејан

Министерство за енергетика: Не се изгубени средства од Реформската агенда, обврските ќе се исполнат до јуни 2026 година

Дејан Дејан

Запленети 100 килограми марихуана во Струмица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе