Иако беше најавено дека Ана Цветановска првиот настап во Пекинг ќе го има утре сепак таа поради големиот број на пријавени учесници нема да биде дел од трката на 7 и пол километри и дебито на Олимписките игри ќе го има на 10 февруари и ќе учествува во трката на 10 километри.
“Поради моменталната ситуација со КОВИД-19 и големиот број на пријавени натпреварувачи на утрешната трка (жени) на 7,5+7,5 км – Скијатлон, ФИС-Меѓународната скијачка федерација, која е единствена одговорна за спортскиот дел од програмата на Олимписките игри, донесе конечна одлука дека само лимитиран број на спортисти во женска конкуренција ќе може да настапат на утрешната трка во оваа дисциплина. За жал, заради исполнетоста на квотите од страна на подобро пласираните во оваа дисциплина, Ана Цветановска нема да може да настапи на оваа трка. Таа со нетрпение ја очекува својата трка на 10 км-класично, која на програмата е на 10 Февруари, со почеток во 08:00 часот по македонско време“, стои во соопштението на МОК”