Вести Свет

Радев и Петков заедно ќе положат цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Благоевград

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска ќе го посети Благоевград за прославата на 150-годишнината од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев. И покрај тоа што е во карантин, претседателот Радев бил негативен, има бустер доза и ќе отпатува за Благоевград.

Промената на работната програма на премиерот Кирил Петков ќе му овозможи во исто време и тој да биде во Благоевград и заедно со претседателот Радев да го посети градот.

Со низа манифестации во Благоевград свечено ќе се одбележи годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Свечената поворка ќе тргне од пред Судскиот во 17 часот, а половина час подоцна ќе се оддржи положувањето венци пред споменикот на Гоце Делчев на плоштадот Македонија.

Споменикот на Гоце Делчев во Благоевград е поставен во 1955 година, а нејзин автор е Крум Дерменџиев.Во фоајето на Регионалниот историски музеј во градот ќе биде претставена изложбата „Бесмртниот апостол Гоце Делчев“.

Благоевград е поврзан со судбината на Гоце Делчев и неговото семејство. Како што јави дописникот на МИА од Софија, во него се погребани неговиот татко и негови роднини. Во Благоевград се спасени многу бегалци од Кукуш од почетокот на 20 век.

Во Софија во Борисовата градина цвеќе ќе положи вршителот на должноста амбасадор на Северна Македонија во Бугарија, Владимир Крстевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе