Вести Ковид19 Свет

140.000 активни случаи на Ковид-19 во Грција

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Грција и понатаму е висок, околу 140.000, додека, пак, во изминатата седмица во просек биле регистрирани по околу 19.000 новозаразени дневно, според податоците што ги соопшти професорката Вана Папаевангелу од комисијата на епидемиолози во Министерството за здравство.

Од новите случаи во Грција во изминатите четири седмици, како што објасни Папаевангелу на редовната прес-конференција, околу 30 проценти се деца што одат на училиште, а 90 отсто од нив се асимптоматски, откриени преку задолжителните тестови за домашна употреба, додека пак 90 -100 деца се хоспитализирани и главно се на возраст под 11 години.

Во однос на хоспитализациите во земјата, рече дека бројот се намалува, но со бавно темпо и во овој момент во болниците со Ковид-19 се хоспитализирани околу 4.500 пациенти, а во последните седум дена имало во просек по 455 приеми дневно.

– Денес, 88 отсто од новите приеми во болница, според податоците од Националната организација за јавно здравје, се однесуваат на пациенти со варијантата Омикрон. Речиси 80 проценти од пациентите се постари од 55 години. Бројот на наши сограѓани кои ги губиме секојдневно останува висок и просечно во изминатите седум дена имаме по 104 смртни случаи дневно, рече Папаевангелу.

Со вчерашните 17.662 новозаразени, Грција надмина два милиона регистрирани случаи на Ковид-19 од почетокот на пандемијата, а починаа вкупно 23.833 лица.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прво закон за Судски, па кандидат од Вила водно

Дејан Дејан

Мицкоски и Сиљановска со критики за случувањата во ЕП

Дејан Дејан

Десничарска група поврзана со Ле Пен под истрага на Европското јавно обвинителство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе