Првиот ден од викендот на повеќе места ќе се задржи сончево време со мала, а во северозападните и западните делови умерена облачност. Кон крајот на денот во северозападните делови облачноста дополнително ќе се зголеми, а во текот на ноќта во овие делови од земјата ќе има локални врнежи од дожд и снег. Во текот на утрешниот ден ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура и утре на повеќе места ќе биде под 0°C, а дневната ќе се движи во интервал од 4 до 13°C.
СНЕЖНА ПОКРИВКА во 7 часот (во см)
49 Маврови Анови, 30 Попова Шапка, 27 Крушево, 26 Пожаране, 19 Ѓуриште, 7 Битола, 6 Берово, 4 Претор, 3 Тетово, Прилеп, Крива Паланка.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/