На една жена од Канзас и беше одбиена кауција и ќе остане во притвор за време на судењето за тероризам.
Алисон Флук-Екрен (42) наводно ја водела женската борбена единица на Исламската држава. Таа е обвинета за планирање „насилен џихад“, а во обвинението се наведува дека тренирала шестгодишни деца да користат автомат. Таа се соочува со затворска казна до 40 години.
На многумина сè уште не им е јасно како поранешната учителка се претворила во терористички фанатик. Лери Милер, кој и предавал на Екрен кога таа била тинејџерка во 1990-тите, изјави за Би-Би-Си дека бил шокиран кога слушнал дека таа се поврзала со Исламска држава.
„Таа беше многу, многу добар ученик. Беше интелигентна и имаше смисла за хумор. Нејзините родители многу и даваа поддршка“, рече тој.
Тој рече дека пред околу 15 години добил мејл од неа во кој го пофалила како учител.
„Тоа беше навистина убаво писмо, во кое напиша колку ја сака науката и како наскоро ќе дипломира и сама ќе предава на училиште. Таа никогаш не направила ништо за да покаже дека сака да наштети на друго живо суштество“, рече тој.
Но, Флук-Екрен подоцна стана верна следбеничка на екстремистичката идеологија за која се залага Исламската држава. Во доцните 2000-ти, таа извесно време живеела на Блискиот Исток со тогашниот сопруг и децата. Помеѓу 2008 и 2010 година напишала блог од кој изгледа дека живеела нормален живот.
Околу 2012 година била прошверцувана во Сирија, по што се активирала во терористичка организација. По смртта на нејзиниот прв сопруг, таа се омажи за неколку членови на ИСИС и обучуваше жени и девојки да користат оружје и бомби АК-47.
Нејзините родители и двете возрасни деца побарале да и се забрани контакт со нив.