Вести Свет

Италијански свештеник изнудувал пари ангажирајќи машки проститутки под лажно име

Поранешен италијански свештеник, познат како Дон Евра е осуден за изнуда затоа што постојано барал пари од своите парохијани, објави Би-Би-Си.

Лука Морини, кој го загуби свештенството и статусот по низа скандали и е осуден на седум и пол години затвор.

Тој е осуден и за лажно претставување, откако глумел судија додека ангажирал машки сексуални работници.

Свештеникот претходно бил ослободен од други обвиненија, вклучително и изнуда на калуѓерка.

Морини бил свештеник во Понтасерчи, тоскански град со 2600 жители северно од Пиза.

Во почетокот, парохијаните го доживуваа како добронамерник, но набрзо го доби прекарот Дон Евра поради постојаните барања за парични прилози.

Според италијанските медиуми, парите што ги собрал Морини не ги потрошил за неговата црква, туку за забави, клубови и дијаманти.

Пресудата за изнуда се однесува на поранешниот бискуп на Маса Карара, Џовани Сантучи, кого го уценувал да му позајми стотици илјади евра и да му купи куќа.

На Морини му е наложено да плати отштета од 14.000 евра на четворица мажи поради лажно претставување.

Обвинителите бараа подолга казна, но таа беше намалена бидејќи судот пресуди дека Морини боледува од ментална болест.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе