Вести Свет

ВИДЕО: Момче во Мароко паднало во бунар – со денови копале паралелна дупка за да го спасат

Рајан, петгодишно дете од Мароко, во вторникот паднало во бунар длабок 32 метри, а спасувачите со денови копале дупка паралелна со бунарот за да го спасат.

Петгодишното дете е во бунарот речиси три дена, а добрата вест е што спасувачите успеале да му испратат кислород и вода. Исто така, му била спуштена камера за постојано да ја следи неговата состојба и што се случува.

Мароканската новинска агенција МАП објави дека дупчењето дупка со која планираат да го спасат е при крај, со „надеж дека во следните неколку часа ќе достигне 32 метри“.

 

На местото на настанот е испратена лекарска екипа за да ги изврши првите прегледи и евентуална реанимација откако момчето ќе биде спасено.

Спасувачите успеале да му испратат на Рајан кислород и вода преку црево, а полициски хеликоптер е на подготвеност за да го однесе во блиската болница.

 

Владиниот портпарол Мустафа Баитас вети дека детето ќе биде спасено наскоро.

„Нашите срца се со семејството и се молиме што поскоро да се врати со нив“ – рече Баитас.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Судење за случајот „Онкологија“, одбраната го спори вештачењето, за обвинителство тоа е беспредметно

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе