Вести Свет

Вучиќ на средба со Ѓоковиќ

Тенисерот Новак Ѓоковиќ денеска му се заблагодари на српскиот претседател Александар Вучиќ за поддршката која Србија и институциите му ја пружиле додека беше во притвор во Мелбурн поради проблеми со визите пред Отвренето првенство на Австралија (АО).

Претседателот на Србија му се заблагодари на Ѓоковиќ што покажал почит кон Србија и што ја прославил Србија во светот.

-Постои една работа што е непобитна и восхитувачка. Јас и Новак се слушнавме првото или второто утро во Австралија, тоа го кажав попатно, па замолчав – ајде Ноле, врати се, што ќе правиш таму, а потоа видов колку е упорен човекот, колку сака да се бори на спортски терен, да се избори не само за себе, туку и за својата земја и да покаже колку е подобар, изјави Вучиќ.

На прес-конференцијата по средбата со Вучиќ во зградата на Претседателството, Ѓоковиќ оцени дека претседателот на Србија поради ангажманот „веројатно се ставил во компромитирана позиција“ во сферата на меѓународните односи.

-Иако бев сам во притворот во Австралија, не се чувствував осамено. Ја имав, пред се, поддршката од моето семејство и од целиот српски народ. Добронамерни луѓе се јавуваа и се обидоа, јавно и приватно, да го направат мојот престој во Австралија полесен, изјави Ѓоковиќ.

Тој посочи дека Вучиќ и државата Србија немале обврска да му пружат поддршка, дека такво нешто не се подразбира, но дека се цени и почитува.

Ѓоковиќ, кој денеска првпат и се обрати на јавноста по настаните во Австралија, најави дека во следните седум до десет дена ќе се обрати до медиумите со „подетална и појасна“ верзија за настаните пред АО.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прекинат е инвестицискиот циклус за домашните компании, рече Битиќи (видео)

Дејан Дејан

(видео)Битиќи во Вин-Вин: Пожарникарите треба да земаат по 100.000 денари месечна плата

Дејан Дејан

(видео)Битиќи во Вин-Вин: Пругата кон Бугарија е важна затоа што североисточниот регион е шестпати посиромашен од скопскиот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе