Вести Магазин

Првпат во 18 години, активноста на Фејсбук опаѓа

Гигантот Фејсбук забележа пад на дневната активност на своите корисници, по првпат во неговата 18-годишна историја, јави Би-Би-Си.

Според Мета Нетворкс (Meta Networks), дневната активност на корисниците падна на 1.929 милијарди во трите месеци до крајот на декември. Бројката во претходниот квартал изнесуваше 1.930 милијарди.

Според Марк Закерберг, човекот кој го создаде Фејсбук, фирмата е погодена бидејќи корисниците, особено оние помладите, се префрлија на други социјални мрежи.

Мета, која ја поседува втората најголема светска платформа за дигитално рекламирање по Гугл, соопшти и дека е погодена од промените во приватноста на оперативниот систем на Епл.

Според главниот финансиски директор на Мета, Дејв Венер, промените направија на брендовите да им биде потешко да таргетираат и да го измерат своето рекламирање на Фејсбук и Инстаграм, што би можело да има влијание „од редот од 10 милијарди долари“ за оваа година.

И покрај тоа што компанијата се обиде да инвестира во видео, со цел да се натпреварува со ТикТок, заработува помалку пари од тие понуди, отколку со оние на Фејсбук и Инстаграм.

Фејсбук отсекогаш беше платформа која расте. За секој квартал во своето постоење, глобалните бројки се движеа само во еден правец. Но, во последните години, дојде до застој на растењето на платформата во Европа и во САД. Тоа се покри со зголемување на корисници од други страни на светот.

Фејсбук не е толку популарен кај младите, како некогаш. ТикТок му наштетува на бизнисот.

Но, има и други причини поради кои инвеститори се загрижени кога е во прашање Мета.

Можеби одговорот, кој ќе ги реши проблемите на Мета, е, да го купи ТикТок? Но, регулаторите во САД тоа не би го дозволиле никогаш, со оглед на законите за анти-натпреварување.

Многумина во Силиконската долина сега гледаат на Фејсбук како отровен бренд. Дефинитивно не е добро место за работа на ист начин, како што беше, да речеме, пред десет години, пишува Би-Би-Си.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пукање во центарот на Штип- еден повреден, напаѓачот во бегство

Дејан Дејан

Политички актер кои прифатил сервилност во Владата вака Села ги коментира изјавите на Таравари

Дејан Дејан

Американецот Роберт Превост е новиот папа со името Лaв XIV

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе