Вести Свет

Советот за безбедност на ОН повика на „итен прекин на насилството“ во Мјанмар

Советот за безбедност на Обединетите нации вчера во соопштение едногласно повика на „итен прекин на сите форми на насилство“ во Мјанмар, изразувајќи надеж дека претставникот на АСЕАН „ќе дојде во земјата што е можно поскоро“ за да се сретне со сите страни“.

Петнаесет членки на Советот „со нетрпение ја очекуваат неговата посета на Мјанмар што е можно поскоро со цел да се сретне со сите засегнати страни и да посредува во процесот на дијалог и во испораката на хуманитарна помош“, се вели во соопштението.

Текстот подготвен од Велика Британија беше прифатен во вторникот, на денот на првата годишнина од превратот што го изврши хунтата на 1 февруари 2021 година.

Во соопштението се истакнува екстремната загриженост на Советот за „неодамнешното ново насилство во земјата“ и „големиот број раселени лица“.

Советот бара да се гарантира „безбедноста на цивилите“ бидејќи повеќе од 1.500 луѓе беа убиени за време на репресијата на вооружените сили на Мјанмар по државниот удар, според информации на локална невладина организација.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе