Специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан Сер Стјуарт Пич, ги поддржа македонските аспирации за членство во Европската Уника, како и решавањето на спорот со Бугарија.
Тој два дена беше во Македонија, а за време на посетата Сер Стјуарт се сретна со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерката за одбрана Славјанка Петровска, членовите на опозицијата и младите со кои разговараше за идното продлабочување на веќе воспоставените силни билатерални односи помеѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија и ја потврди силната посветеност на Обединетото Кралство на евроатлантската интеграција на Западен Балкан како и посветеноста на Обединетото Кралство на зајакнувањето на стабилноста, демократијата, владеењето на правото и справувањето со криминалот и корупцијата.
Во видео-порака вели дека од клучно значење е Македонија да остане посветена во спроведувањето на реформите.