Вести Ковид19 Најважни

Петличковски на местото на Караџовски – комисијата за заразни болести проширена и дополнета со искусни лекари

Повеќе лекари клиничари, но и медицински стручњаци чијшто мислење не било земено предвид во справувањето со пандемијата.

Ова е одговорот за причината на министерот за здравство Беким Сали денеска да оформи нова комисија за заразни болести.

Задржа десетммина од постоечката а ја прошири и дополни со нови 16 имиња. Претседателот Жарко Караџовски останува член, но нема да раководи, бидејќи изборот на министерот Беким Сали, падна на директорот на институтот за имунобиологија, Александар Петличковски. Освен смената на раководството во новиот состав влегуваат и лекарите Нико Беќаровски, Арбен Лабеништа и Злате Мехмедовиќ кои беа гласни и често ги критикуваа одлуките и мерките на здравствените власти.

Секој вторник, составот ќе дискутира и предлага мерки до минситерот. Новиот челн и претседател со уверување дека нема да се копираат препораките туку ќе се почитуваат и следат научните студии во и надвор од земјата.

Што и како одлучиле побрзо ќе стасува во јавноста бидејќи комисијата за прв пат доби член но и лице одговорно за односи со јавноста.

Комисијата порасна со бројот на членови и тоа ќе биде проблем за носење на едногласни одлуки за идните мерки и препораки, согласен е Мехемдовиќ. Сепак, комисијата предлага а министерот за здравство ја носи последната одлука што ќе и предложи, пак, на владата како мерка или препорака.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе