Вести Свет

Путин и Макрон по втор пат во четири дена телефонски разговараа за украинската криза

Рускиот и францускиот претседател, Владимир Путин и Емануел Макрон, синоќа по втор пат во последните четири дена разговараа телефонски за украинската криза, соопштија од Москва и Париз.

„Продолжи размената на мислења за ситуацијата околу Украина и прашањата поврзани со обезбедувањето долгорочни и законски засновани безбедносни гаранции за Русија“, се наведува во соопштението на руското претседателство.

Според Кремљ, Путин уште еднаш „детално ги претставил принципиелните пристапи кон овие проблеми“.

Двајцата лидери, кои веќе разговараа во петокот, додаваат оттаму, синоќа се договориле да ги продолжат контактите по телефон, но и да ја проучат можноста за лична средба.

Француското претседателство соопшти дека овој разговор бил воден во правец за деескалација на состојбата и дека тој следел по разговорот на Макрон со неговиот руски и украински колега во петокот, на 28 јануари.

Според Елисејската палата, двајцата претседатели го поздравиле позитивните исчекори во работата на Нормандискиот формат, во кој Русија, Германија и Франција преговараат за решавање на конфликтот во источна Украина.

Од крајот на 2021 година, Москва е обвинета дека акумулирала  околу 100.000 војници на украинската граница и дека има намера да ја нападне оваа земја. САД и Велика Британија вчера и официјално се заканија со нови санкции против Москва, доколку навистина се реши на ваков чекор.

Русија негира дека планира напад врз Украина, но бара писмени гаранции за нејзината безбедност, во што е вклучено и одбивањето на членството на Украина во НАТО и завршувањето со военото зајакнување на Алијансата во Источна Европа.

САД, меѓутоа, го одбија ова клучно руско барање во нивниот писмен одговор до Москва, а Кремљ изјави дека ја разгледува нивната реакција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Неколку приведени за пожарите во Скопје, меѓу нив има и тројца тинејџери носеле шишиња со бензин и петарди

Дејан Дејан

(видео)Брутална ликвидација во Киев, на социјалните мрежи се споделува видео од убиството на Иван Воронич, клучниот човек на Зеленски

Дејан Дејан

Пожари во Чучер Сандево, Прилеп, Македонски брод, Дојран, Крива Палнка и Чашка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе