Вести Свет

Данска е првата земја во ЕУ која ги укина сите рестрикции против Ковид-19

Данска ги укина сите рестрикции за Ковид -19 во својата држава, вклучувајќи го и носењето на маски во продавници, ресторани и јавниот транспорт, со што е првата држава во Европската Унија, која донесе таква одлука.

Ноќните клубови се отворени, повторно може доцна навечер да се продава алкохол, додека повеќе не мора да се употребува ниту апликацијата за следење на контактите за влез во затворени простории.

Иако бројот на новозаразени со Омикрон варијантата и натаму е релативно висок, властите проценуваат дека корона вирусот повеќе не претставува “критична закана”.

Причина за ваквата проценка е високата стапка на вакцинација во земјата, каде исклучително голем број од возрасните луѓе се имунизирани со три дози од вакцините против Ковид-19.

“Добро утро на целосно отворената Данска”, напиша на Фејсбук премиерката на државата, Мете Фредериксен, заблагодарувајќи им се на граѓани кои се вакцинирале против Коронавирусот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ученик нападна настаничка во ООУ „Јан Амос Коменски“ – соучениците трет ден бојкотираат настава

Дејан Дејан

Мајката Невена Спасеска повикана во обвинителство, осомничена е за одземање на дете

Дејан Дејан

Битолскиот суд „одмрзна“ три милиона евра на компанијата „Руд Коп“ – на барање на Обвинителството повторно ги блокира

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе