Вести Свет

Блинкен и Лавров телефонски ќе разговараат за Украина

Високи американски и руски дипломати денеска ќе одржат нова рунда разговори за украинската криза, додека Русија продолжува да распоредува големи воени сили на границата со поранешната советска држава.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен телефонски ќе разговара со неговиот руски колега Сергеј Лавров, еден ден откако двете страни имаа жестока дебата за Украина во Советот за безбедност на ОН.

Москва испрати писмо до Вашингтон во понеделникот за своите ставови, како одговор на писмената комуникација на двете страни во која се наведени нивните ставови во изминатите две недели.

„Јавното преговарање не би било продуктивно, па ќе оставиме на Русија доколку сака да зборува за својот одговор. Остануваме целосно посветени на дијалогот за решавање на овие прашања и ќе продолжиме тесно да се консултираме со нашите сојузници и партнери, вклучително и Украина“, изјави претставник на Стејт департментот.

Американскиот претседател Џо Бајден изјави во понеделникот дека Русија ќе се соочи со „брзи и сериозни последици“ доколку ја нападне Украина.

„Денеска во ОН ја претставивме целосната природа на руската закана за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, како и основните принципи на меѓународниот поредок заснован на правила“, рече Бајден пред Белата куќа.

Тој додаде дека „и натаму повикуваат на дипломатија како најдобар начин напред“. – Но, со оглед на тоа дека Русија продолжува да ги собира своите сили околу Украина, ние сме подготвени за што и да се случи, рече Бајден.

Разговорот денеска ќе биде првиот директен разговор меѓу Лавров и Блинкен откако САД и НАТО разменија писмени одговори на барањата на Русија минатата недела.

САД и НАТО го отфрлија барањето на Русија за гаранција дека Украина нема да влезе во НАТО и барањето САД да го повлечат стратешкото оружје од Европа.

„Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша одлука за зголемување на украинската армија за 100.000 војници за три години и зголемување на нивните плати, но исто така нагласи дека тоа не значи дека војната со Русија е неизбежна.

„Оваа одлука е подготвена не затоа што наскоро ќе имаме војна… туку за да има мир во Украина наскоро и во иднина“, рече тој.

Украинските вооружени сили сега имаат околу 250.000 војници.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Министерството за здравство, сепак, останува во „Вреди“?!

Дејан Дејан

Ученик нападна настаничка во ООУ „Јан Амос Коменски“ – соучениците трет ден бојкотираат настава

Дејан Дејан

Мајката Невена Спасеска повикана во обвинителство, осомничена е за одземање на дете

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе