Утре во најголемиот дел од земјата ќе се задржи облачно со врнежи претежно од снег, вдолж Повардарието од дожд и снег, а на југоистокот претежно од дожд. Пообилни врнежи ќе има во северозападните делови. На повеќе места ќе се формира снежна покривка, а на планините ќе се зголеми. Во северните и западните делови се очекува да наврнат од 5 до 10 см снег, а на северозапад и над 15 см нов снег. Попладне ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.
Информација од утрово:
Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)
30 Попова Шапка, 28 Маврови Анови, 8 Пожаране, Крушево, 2 Крива Паланка, Ѓуриште.
Минимална температура (во °C)
-8 Попова Шапка, -6 Тетово, Битола, Маврови Анови, -5 Скопје-Петровец, Демир Капија, Крушево, -4 Прилеп, Охрид, Претор, -3 Струмица, Берово, Крива Паланка, -1 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Виница, 4 Дојран, 5 Гевгелија.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/