Вести Ковид19 Свет

Џонсон се извини за забавите во неговата резиденција организирани додека Британците беа во најстрог локдаун – но не планира да поднесе оставка

Британскиот премиер Борис Џонсон се извини денеска од говорницата во парламентот откако заврши истрагата која потврди дека забавите организирани во текот на локдаунот во неговата резиденција на Даунинг Стрит бр 10 претставуваат сериозен неуспех да се исполнат стандардите кои се очекуваат од владата.

Џонсон им кажа на законодавците во долниот дом на парламентот дека ќе направи промени во начинот на кој функционира владата по обелоденувањето на скандалот “Партигејт”.

Обраќањето на Џонсон следува откако втората постојана секретарка во кабинетот, јавна службеничка, Сју Греј го објави својот извештај во кој тврди дека собирите на кои присуствувале Премиерот и членовите на неговиот кабитнет во период кога граѓаните на Британија беа под строг локдаун, претставуваат “огромен неуспех” да бидат запазени стандарите за добро владеење кои се очекуваат од владата.

Извештајот на Греј се однесува на 4 собири во 2020-тата и 2021-та година а полицијата спроведува истрага за уште 12-тина настани.

Во извештајот Греј заклучува дека “неуспехот на лидерството и нивните одлуки” овозможиле настани кои воопшто не требало да се случат.

Иако се извини, Џонсон подвлече дека на неговата влада може да и се верува дека ќе работи во интерес на граѓани, отфрлајќи ги барањата на опозицијата и на дел од пратениците од неговата конзервативна партија, да поднесе оставка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе