Вести Топ вести Топ тема

Топ Тема – Општините го чувствуваат товарот на енергетската криза, Ѓорче Петров во последната сметка платил 4 милиони денари повеќе за струја

Глобалниот проблем со зголемената цена на електричната енергија, го почувствуваа и општините, изјави во вечерашната Топ Тема, Горан Герасимовски, градоначалникот на Центар.

За овој проблем разговаравме и на состаноците на ЗЕЛС и со владата која ни помогна во кризата на општините, додава Герасимовски. Тој посочи дека како општина се уште не го почуствувале покачувањето, бидејќи договорот им е до 5-ти месец  и се уште не добиле високи сметки на струјата, но од искуствата на другите општини, цените се енормно зголемени, има откажување на договори.

“Верувам дека сите општини ќе правиме ребаланс во делот на планираните средства за електрична енергија. Ќе кратиме од други работи, за да може да ги покриеме овие трошоци.” – изјави Герасимовски.

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, изјави дека тие веќе плаќаат струја по енормно високи цени, затоа што договорот со фирмата добавувач е завршен на 31-ви август минатата година.

“Од тогаш навака, во овој временски период, имало една јавна набавка која што била неуспешна. За во новиот буџет ние предвидовме 37 милиони денари за набавка на електрична енергија. Во постапка сме за избор на нов добавувач, иако на последниот тендер, пријавени се со многу повисоки цени, дури и понатаму се откажале од самата постапка и затоа и не е реализиран. Ако сме плаќале 800 000 денари таму негде до октомври, сега последната сметка ни беше околу 4 800 000, тоа се 4 милиони денари плус месечно. Се уште ја немаме добиено сметката за јануари, но верувам дека повторно ќе оди во нагорна линија.” – го објасни финансискиот товар за општината Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Тој подвлече дека се уште не добиле позитивен одговор од владата на нивните барања за олеснување на кризата, како на пример субвенционирање на плаќањето на разликата во цената која претходно се плаќала и која сега треба да се плаќа. Потоа, училиштата и градинките да се стават на регулиран пазар, бидејќи тие се непрофитабилни организации, работат со деца па дури и општините целосно да се вратат на регулираниот пазар, можеби најмногу би помогнало во актуелната ситуација, вели Стојкоски.

Универзитетскиот професор Борче Треновски посочи дека буџетите на општините се ранливи и пред да пристигне енергетската криза. Прва мерка која треба да се разгледува и тоа се случува насекаде во светот е штедењето по секоја цена. “Од сите јавни објекти, дури и уличното осветлување. Комерцијалните објекти, хотелите ако ги видите во развиените земји, работат сијалиците со 50% внатре. Се зголеми штедењето. Пораката можеби требаше од почеток да биде малку поригорозна во таа насока.”

Во поглед на помошта од државниот буџет, Треновски подвлече дека сите средства кои може да се доделат, треба од некаде да се земат а средствата се ограничени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Малиот Амр меѓу животот и смртта– симбол на страдањето на децата во Газа

Дејан Дејан

Хезболах одбива разоружување додека Израел не се повлече од јужен Либан

Дејан Дејан

Десетици илјади шиитски муслимани маршираат кон Карбала за Ашура

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе