Спорт Фудбал

Легендарен тандем: Пандев се сели во Парма кај Буфон

Македонската фудбалска легенда Горан Пандев изненадувачки ја напушти Џенова и вториот дел од сезоната ќе го игра во редовите на второлигашот Парма.

Клубот од „Енио Тардини“ ја потврди веста, па нашиот голгетер ќе  биде соиграч со еден од најголемите голмани на сите времиња Џанлуиџи Буфон.

Пандев беше дел од Џенова шест ипол години, а претходно играше за Галатасарај, Наполи, Интер, Лацио, Анкона, Специја и Беласица во македонското првенство.

Сезонава 38-годишниот напаѓач нема постигнато гол во Серија А на 20 натпревари на кои најчесто влегуваше од клупата за резервни играчи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Челзи во финале го чека победникот од Реал Мадрид и ПСЖ

Дејан Дејан

Кавада и Боно се нови ракометари на Вардар

Дејан Дејан

Младите ракометарки го почнуваат ЕП со фаворитот Унгарија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе