Култура

Киро Урдин изложува во галеријата „ Црниот пантер“ во Антверпен

Една од најстарите галерија во белгискиот град Антверпен- „ Црниот пантер“, е домакин на изложба  со дела од нашиот уметник со француска адреса , Киро Урдин.

Централно место на изложбата има сликата „Табула раза“, која е со димензии 10 метри должина и 3 метри ширина, а изработена во маслена техника. Изложбата на Урдин вклучува околу 150 дела, од кои 118 работени во мал формат  и во маслена техника, 12 во техниката акварел и 20 други слики во среден формат.

Киро Урдин  ги изработел сликите за време на 14-месечната изолација, наметната од пандемијата со коронавирус . Делата се посветени на луѓето од целиот свет и со нив сликарот оддава почит кон човечката сила што се справува со здравствената криза, во која голем број луѓе го загубија животот.

Како дел од  изложбата што ќе биде отворена во „ Црниот пантер“, до 10 април, ќе бидат претставени и документарен филм и книга, со наслов „Табула раза“.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Третманот на децата во образовниот систем низ премиера во Драмски театар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе