Најдобриот женски дубл, Барбора Крејчикова и Катерина Синаикова од Чешка го освоија трофејот во конкуренција на двојки.
Првите носителки во својата колекција го додадоа и трофејот од Мелбурн откако во финалето во три сета со 6:7, 6:4 и 6:4 ја совладаа казахстанско-бразилската комбинација Ана Данилина – Беатриз Хадад.
За чешките тенисерки ова е вкупно четврти заеднички Гренд слем трофеј откако претходно два пати славеа на Ролан Гарос, а еднаш на терените во Вимблдон.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.