Останато Спорт

Супервелеслаломот во Гармиш за Хетер и Брињоне

Корнелија Хетер и Федерика Брињоне се победнички на супервелеслаломот во Гармиш Партенкирхен, последен пред почетокот на Зимските олимписки игри во Пекинг.

Австријката и Италијанката до делба на првото место стигнаа со време од 1 минута 18 секунди и 19 стотинки и за 82 стоти дела беа побрзи од Тамара Типлер, а зад водечката двојка се пласираа уште две скијачки од Австрија, Мирјам Пухнер и Надине Фест.

По денешната трка Брињоне се зацврсти на првото место во редоследот за супервелеслалом со 477 бода пред сонародничката Елена Куртони со 374, а италијанската доминација ја заокружува Софија Гоџа која е трета со 332.

Во генералниот пласман на чело е Микаела Шифрин со 1026 бода, 17 повеќе од Петра Влхова додека на третата позиција е Брињоне со 772.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе