Свет

Српската владејачка коалиција на изобри со посебни листи

Владејачките Српската напредна партија (СНС) и Социјалистичката партија на Србија (СПС) на претстојните избори ќе настапат со посебни листи и заеднички претседателски кандидат, одлучено е на денешната средба на лидерите на двете партии, Александар Вучиќ и Ивица Дачиќ.

СНС и СПС и по изборите ќе продолжат да работат заедно во Владата на Србија и на ниво на Град Белград доколку граѓаните им искажат доверба, а на изборите ќе излезат со посебни листи, порача лидерот на СНС и претседател на Србија Александар Вучиќ по средбата со раководството на СПС.

Лидерот на Социјалистичката партија на Србија (СПС) Ивица Дачиќ изјави дека СПС заедно со Српската напредна партија (СНС) ќе имаат заеднички кандидат на претседателските избори и оти се надева дека тоа повторно ќе биде Александар Вучиќ.

Како што изјави по средбата Вучиќ, излегувањето на избори со посебни листи ќе доведе до „максимизирање“ на резултатите на партиите од владејачката коалиција.

Тоа е наша заедничка одлука. Успешно соработуваме 10 години, разговаравме и за идна соработка и по изборите доколку граѓаните ни ја дадат довербата да продолжиме да работиме заедно на ниво на Влада и на ниво на Град Белград, изјави Вучиќ по средбата во седиштето на СНС во Белград.

Тој најави и дека двете партии ќе работат на подготовка на стратешки документ со кој ќе се дефинираат целите на соработка меѓу СНС и СПС.

СПС има свој кандидат. Александар Вучиќ минатиот пат беше заеднички кандидат, што се однесува до нас, ако е тој кандидат за претседател на Србија, тој и понатаму е се уште и повторно ќе биде наш заеднички претседателски кандидат, изјави Дачиќ на прес-конференција во седиштето на СНС.

Тој кажа дека на парламентарните и на локалните избори ќе одат посебно, но дека СПС и СНС ќе продолжат да соработуваат и по изборите.

Дачиќ додаде дека СПС ќе оди на избори во коалиција со „Единствена Србија“ на Драган Марковиќ Палма.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фотогалерија) Повредени 24 луѓе, спасени екипажи, патници, деца – силно невреме мина низ Сплит

Дејан Дејан

(Фотогалерија) Откорнати дрвја, оштетени покриви, повредени луѓе, ветрот урна кран на улица – силно невреме во Белград

Дејан Дејан

Десничарска група поврзана со Ле Пен под истрага на европското Јавно обвинителство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе