Вести Култура

Праизведба во Албанскиот театар за изместениот свет во кој живееме

„ Јазли“ е драма , која го прикажува современиот човекот како креатор, но и жртва на изместени вредности, кои потекнуваат од амбициите да стигне повисоко во општествената хиерархија.

  • Во таква една слобода или во таков еден систем на вредности тие злобни амбиции не може да функционираат. Бидејќи обично тој мрачниот дел во нас сака да плива во матно, тој не сака чиста вода, вели  Рефет Абази- автор на текстот и актер

Распадот на бракот меѓу лекарот Дрен и неговата сопруга, архитектката Леа, низ фрагментарна драматургија ја отвора Пандорината кутија на конфликти и ситуации меѓу бројните ликови, како од поширокото семејство, така и во општеството. На тој начин доаѓа до израз  општиот безизлез, неможноста да се препознае депресијата како болест на денешницата, но и потребата да бидеме хумани, правични и да не посегаме по туѓата сопственост. Покрај допирот до реалноста, претставата оди и до метафизика, низ судирот на доброто и злото, доловен преку два фиктивни лика.

  • Како естетика или стил на игра, тоа е магичен реализам. Нешто што ми е многу блиску и во книжевноста. Таа насока, тој правец го обожувам. Така што сè е реално, ама нешто е изместено од реалноста, смета Куштрим Бектеши- режисер

„ Јазли“ е четврти по ред текст на Абази на сцената на Албанскиот театар, а покрај вечерашната праизведба, планирана е уште една, утре вечер.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе