Вести Култура

Наместо минута молчење, легендарната „Рапсодија за Скопје“ и аплауз на испраќањето на маестро Александар Џамбазов

Наместо минута молчење, легендарната „Рапсодија за Скопје“ и аплауз. Вака започна комеморацијата посветена на Александар Џамбазов.  Заминува во музичката историја маестро Џамбазов, чие име повеќе од 50 години израсна во синоним за македонската популарна музика. Во тој долг творечки период неуморниот творец создаваше многубројни композиции во повеќе музички жанрови, забележаа неговите колеги и пријатели.

Како диригент и раководител на Танцовиот оркестар на МРТВ маестро Џамбазов најдиректно и активно учествуваше во организирањето на најразновидни забавно- музички манифестации. Тој е еден од иницијаторите и основоположниците на  Скопскиот фестивал и на фестивалот за детски песни „Златно славејче“, рече проф. д-р Јане Коџобашија, композитор и музиколог

Секогаш со високи критериуми и одговороност за  начинот на кој музиката треба да се доближи до најмладите.

Водеше сметка за гласовната можност на децата, за психологијата на децата, за нивната интерпретативна можност. Значи ги имаше сите елементи кои мораа да бидат задржани во детската песна која ќе зборува за нивната возраст и за нивната животна окупација, рече проф.  Стојан Стојков, композитор. 

 

Човек што цел живот беше во сенка на други, а всушност е најголемиот генијалец во нашето семејство. Прво викаше што сум јас цел живот бев зет на Петре, па маж на Анче, па татко на Тања и Игор. А што сум јас ? Е сега ќе ти кажам ти си Маестро, Маестро мој !. , кажа неговиот син актерот Игор Џамбазов.

Маестро Џамбазов беше погребан во Алејата на великаните на градските гробишта Бутел во присуство на потесното семејство. Во негова чест Град Скопје ќе предложи улица да го носи неговото име.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе