Спорт Фудбал

Аргентина без Меси против Чиле

По два месеци пауза продолжуваат квалификациите за Светското првенство од Јужно-американската зона.

Серијата натпревари од 15-тата рунда се отвора со дуелот меѓу репрезентациите на Еквадор и Бразил.

Кариоките веќе успеаа да обезбедат пласман во завршницата на Мундијалот, но составот на селекторот Тите сигурно дека посакува да ја продолжи серијата одлични резултати и да остане една од двете селекции кои се уште не ја почувствувале горчината на поразот.

Своја математика има и домаќинот кој има серија од три натпревари без пораз и со нови три бода исто така ќе направи крупен чекор на патот кон Катар.

Аргентина која исто така е сигурен патник за Катар има тешко гостување во Калама каде ќе се соочи со Чиле кој грчевито се бори за влез меѓу четирите најдобри.

Аргентина во овој циклус ќе игра без првата ѕвезда Лионел Меси, но сепак селекторот Лионел Скалони очекува поволен резултат.

Во Асунсион, Парагвај е домаќин на Уругвај на чија клупа ќе дебитира новиот селектор Диего Алонсо кој ја почнува новата ера по смената на легендарниот Оскар Табарез.

И двете репрезентации им е потребна победа за задржување на шансите за пласман на Светскиот куп.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе