Утре ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и потопло, попладне од запад ќе имаме зголемување на облачноста. Кон крајот на денот и во текот на ноќта претежно во западните делови ќе има локални врнежи од снег, а понекаде во пониските места врнежите ќе започнуваат како повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Утринската температура на повеќе места ќе се спушти по 0, а дневната ќе биде во интервал од 2 до 12 степени.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/