Вести Свет

САД го отфрлија барањето на Русија да и се забрани на Украина влез во НАТО

САД го отфрлија барањето на Русија да и се забрани на Украина влез во НАТО, поради предупредувањата дека Русија може да изврши инвазија врз нејзината соседна земја. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вели во одговорот на барањата на Русија се нуди „сериозен напредок по дипломатски пат, ако Русија го избере тоа“.

Додека Кремљ го разгледува одговорот на Блинкен, доставен во координација со НАТО, Столтенберг верува во можно политичко решение.

Последната недела Русија трупа воени сили на границата со Укарина, на што западните земји гледаат како подготовка за можна агресија. Русија го негира тоа. Блинкен дециден дека одговорот на руските барања за безбедносните гаранции, јасно ги покажува „суштинските принципи“ на САД за зачувување на суверенитетот на Украина и нејзиното право да избере дали ќе биде дел од НАТО.

Командата на Народната милиција продолжува ги следи активните подготовки на украинските трупи за започнување офанзива на Донбас. Според разузнавачките податоци, подготвено е пристигнувањето на ешалонот со гориво и муниција на железничките станици Красноармејск, Дружковка, Зачатовка, рече Едуард Басурин, командант на Доњецката народна милиција.

Дипломатите на Русија, Украина, Франција и Германија потврдија дека ќе се држат до договорот за прекин на огнот во Украина, потпишан 2015 во Минск, кога бунтовниците поддржани од Русија ја зазедоа територијата во источниот регион на Донбас.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе