Вести Свет

Познатите плажи на Тајланд се под закана

Тајландската морнарица работи на чистење на истекување на сурова нафта од 128 тони од нафтовод во Тајландскиот залив. Протекувањето им се заканува на познатите плажи на островската држава.

Атапол Чароенчанс, генерален директор на Одделот за контрола на загадувањето во Министерството за природни ресурси и животна средина, рече дека излевањето е во близина на индустриска област, но дека дел од нафтата може да стигне до плажите во регионот ако не се исчисти најбрзо што може

Компанијата „Стар петролеум Рафининг“ соопшти дека излевањето се случило околу 21 часот по локално време во вторникот на станицата за прицврстување на околу 20 километри југоисточно од индустриската зона Мапа Та Фут јужно од Бангкок. Протекувањето било прекинато нешто по полноќ.

Заменик-адмиралот Поккронг Монтатфалин, портпарол на тајландската морнарица, во својата порака рече дека морнарицата испратила авион за набљудување, два брода и хеликоптер за да помогнат во расчистувањето. Тој рече дека хеликоптерот ќе ја пребара областа и ќе испрска хемикалија за да ја растера нафтената дамка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рашче под притисок, дивите приклучоци го уништуваат капацитетот

Дејан Дејан

Разговори за можно примирје во Појасот Газа во Белата куќа- Нетанјаху на вечера кај Трамп

Дејан Дејан

Продолжуваат спасувачките напори во Тексас – над 100 загинати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе