Надлежните ќе го решаваат проблемо со загадениот воздух со инвестирање во обновливи извори на енергија и со затворање на термоелектраните РЕК Битола и Осломеј до 2030 година. Ова денеска го кажа министерот за животна средина, по објавените резултати за влијанието на загадениот воздух врз намалувањето на плодноста и зголемувањето на предвремената смртност на граѓаните во Македонија.
Инвестирање во обновливи извори на енергија што ќе се добива од соларни панели и ветерници и затворање на термоцентралите РЕК Битола и Осломеј до 2030 година. Со оваа стратегија во енергетиката, ќе се намали загадувањето на воздухот и неплодноста на населението, смета министерот за животна средина Нуреини. Неговата изјава на денешниот брифинг доаѓа по објавените истражувања на „ Обединет Балкан за чист воздух“ и на Европската агенција за животна средина, според кои изложеноста на загаден воздух за 10 % ја намалува плодноста кај жените, но и кај мажите, ризикот за спонтани абортуси и мртвородени деца е зголемен за 13 %, а 3400 граѓани во Македонија годишно умираат поради изложеност на ПМ2,5 честички.
- Ние ја подржуваме не само со наши инвестиции , ЕСМ, која инвестира во соларни панели, сега во Осломеј и има втор проект за 30 МW , во Битола. Очекуваме тоа да помине како точка во Собранието и да почнеме со тој проект. Но идејата наша е до стратегијата , да ги затвориме РЕК Битола и Осломеј , најкасно до 2030 година, иако според проектот е до 2028 година- Насер Нуредини-министер за животна средина.
Забалежано е намалување на потрошувачката на кеси, откако од први декември лани беше забранета продажбата на пластичните . За 10 пати е намалена продажбата во маркети каде порано кесите се давале бесплатно, а за 4 пати е намалена во маркетите кои ги продавале. Од продажбата на биоразградливи кеси по цена од 15 денари , се собрани 240 000 евра. Сумата ќе влезе во програма што допрва ќе се прави , со која ќе се инвестира во селектирањето отпад на ниво на локална самоуправа , со контејнери за пластика и конзерви. Проблемот со пластични кеси на кои рачките им се исечени, а се користат за пакување на зеленчук и овошје ќе се решава со зајакнати контроли.
- Според законот сѐ што е поголемо од 15 микрони значи дека е кеса за стоки. Дали има рачки или не, тоа значи дека е кеса која не може да биде бесплатна. Да сечат рачки и да ги употребуваат за носење не е дозволено. Во контакт сме со Пазарниот инспекторат за да бидеме посторги со контроли и да ги имплементираме нашите закони- Насер Нуредини- министер за животна средина.
Министерството за животна средина ќе го подржи формирањето Фонд за животна средина, а привршуваат и подготовките за добивање кредит од ЕБОР, во висина од 55, 3 милиони евра за изградба на регионални депонии во Русино, Новаци и Василево.
Сотир Трајков