Ракомет Спорт

Триколорите со пресврт до полуфинале на ЕП

Репрезентацијата на Франција е последниот полуфиналист на Европското првенство во ракомет.
Триколорите во клучниот натпревар против Данска забележаа победа од 30:29 иако во еден момент беа на работ на бездната и имаа негатива од пет погодоци.

Данците на десетина минути пред крајот на мечот водеа со 27:22, а потоа следуваше период без гол кој траеше повеќе осум минути. Французите го искористија тој пад во играта на противникот успеаа да израмнат на 28:28, а потоа во завршницата со головите на Дика Мем да стигнат до победа од 30:29.

По овој триумф на Франција, Исланд остана без пласман во полуфиналето и ќе се бори за петтата позиција. Исланѓаните во првиот натпревар од денешната програма ја совладаа Црна Гора со 34:24, а во вториот меч кој немаше никакво значење Хрватска и Холандија освоија по бод играјќи без победник 28:28.

В петок во полуфиналето на континенталниот шампионат ќе играат Франција – Шведска и Данска – Шпанија.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: ТФТ го совлада Работнички и поведе со 2:0

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Фудбалерките на Љуботен триумфираа во Купот на Македонија

Дејан Дејан

Одбојкарите во полн состав утре ги почнуваат подготовките за Златната лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе