Спорт Тенис

Надал против Беретини во полуфиналето

Рафаел Надал – Матео Беретини е првата полуфинална двојка на првиот Гренд слем турнир во новата сезона.

Светскиот рекет број пет по голема борба во меч што траеше четири часа и осум минути во пет сета со 6:3, 6:4, 4:6, 3:6 и 6:3 го совлада Канаѓанецот, Денис Шаповалов.

И во второто четврт-финале денеска се водеше жестока битка за влез меѓу четирите најдобри. Седмиот носител Матео Беретини исто така и покрај водството од 2:0 до пласманот во полуфиналето мораше да игра пет сета. Италијанецот за 3 часа и 49 минути забележа победа во дуелот против Гаел Монфис.

Беретини до првото полуфинале во кариерата на турнирот во Мелбурн славеше со 6:4, 6:4, 3:6, 3:6 и 6:2.

Во утрешната програма ќе се соочат Стефанос Циципас – Јаник Синер и Данил Медведев – Феликс Оже Алиасим.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шкендија ќе ја прослави титулата со навивачите – ФФМ ја намали казната

Дејан Дејан

Карло Анчелоти и официјално на клупата на Бразил

Дејан Дејан

ФФМ почна постапка против седум членови на Кожув: Натпреварот ќе го истражува и Јавното обвинителство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе