Вести Македонија Најважни

Со пари од мекици Рашковски очекува холивудско режирано судење, обвинителката Трајчева го „смирува“: Обвинението за злоупотреба на парите ќе биде докажано

  • Рашковски: „Парите ми се стекнати пред да станам функционер, а на децата им штедев од родендени и мекици“

Најави интересно судење режирано како во Холивуд. Иноватор, универзитетски професор, поранешен генсек, а сега обвинет седна во судницата за прв пат.

Драги Рашковски се гони дека ја злоупотребил службената положба и перел пари или со зборови на обвинителството се вмешал во 4 јавни набавки околу техничката спецификација, давал хонорари на блиски луѓе и отплаќал кредити.

Го зголемил својот имот, но и имотот на своите две малолетни деца. Иако се одложи првото рочиште, Рашковски пред медиумите се огради дека парите, нивата, плацот и готовината се негови пред да стане функционер, а на децата им штедел подароци од прославите.

“Вооружена“ со докази во судницата пристигна и обвинителката Ивана Трајчева. Ќе го одбрани обвинението против Рашковски и ќе ја докаже неговата и вината на уште 6-мина обвинети.

Барал, но не пронашол во гинисовата книга на рекорди запис како можат да се создадат толку пишани пораки за кусо време, реагира Рашковски за материјалните докази на обвинителството.

Рашковски тврди дека и во делот на отплаќање кредити обвинителството греши  бидејќи тој префрал пари на кредитните картички од средства од рефундирање од службените патувања на кои често трошел лични средства.

Плац купил во скопско Побжје со кредит, но терминот Хациенда не му е познат. Наспроти реакциите на Рашковски, обвинителството дополнително го товари дека склучувал авторски договори со физички лица, кои не ги извршувале работните обврски, а им биле исплаќани месечни хонорари.

Тие ги подигнувале парите и дел му враќале на Рашковски.  Со тоа е направена штета на буџетот во вкупен износ од 1.300.000 денари.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Три тони кокаин на албанската мафија завршија во рацете на властите во Еквадор

Дејан Дејан

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе