Педесет и првата тенисерка на светот Медисон Кис ја продолжи триумфалната серија на Отвореното првенство на Австралија.
Американската тенисерка се пласираше во полуфиналето откако во два сета со 6:3 и 6:3 славеше над четвртата носителка Барбора Крејчикова.
Таа во полуфиналето ќе се соочи со првата фаворитка на турнирот Ешли Барти која за само 63 минути препуштајќи и на противничката само два гема ја совлада Џесика Пегула.
Во второто полуфинале ќе се сретнат победничките во мечевите Даниел Колинс – Ализе Корне и Ига Својнтек – Каја Канепи.