Вести Македонија Најважни

ИЈЗ : За една недела, од ковид починаа 97 луѓе, а за 4,5% зголемен бројот на новоинфицирани

Омикрон сојот забрзано се шири во нашата земја. Според најновиот извештај на ИЈЗ, за 4,5% е зголемен бројот на нови позитивни случаи во државата во периодот од 17-ти до 23 јануари, односно регистрирани за 11.610 новоинфицирани. Во просек процентот на позитивност се уште е висок од 29%. Во однос на минатата недела направени се и помалку тестирања.

Скопје и натаму е прв со најмногу болни, повеќе од половината се во главниот град, а најгпчема неделна инциденца има во Крушево.

Најмногу болни се регистрирани на возраст од 30 до 49 години. Кај младите од 10 до 19 години забележано е намалување на позитвните случаи за 15%, како и кај младата поплација од 20 до 29 години. Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 1.559 реинфекции, со зголемување од 25% во однос на претходната недела.

Речиси сто луѓе ја загубиле битката со болеста минатата недела, односно 97, што е за 77% зголемување.

Постојат многу причини, а малку одговори за високата смртност од Ковид-19 во Северна Македонија, анализира Дојче Веле на македонски јазик. Епидемиолозите сметаат дека задоцнетото одење на лекар и хроничните болести на пациентите се најчести причини за високата смртност. Како важен фактор се наведуваат и немањето протоколи за лекување, состојбата на пациентите, начинот на кој се организира здравствениот систем, а голема улога имаат и превентивните мерки.

Граѓаните, пак, коментираат дека немањето доволно здравствен кадар, лошите здравствени навики, неквалитетниот начин на живот што доведува до слаб имунитет, нефункционалното здравство, непочитувањето на мерките и препораките, како и големиот број на невакцинирани лица.

Во однос на вакцинацијата, според ИЈЗ, заклучно со 22.01.2022, комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 841.143 лица, а со трета доза се вакцинирани 122.752 лица.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе