Штипското Инфективно одделение веќе десеттина дена е под притисок од пациенти, на кои им треба болничко лекување. Во денешниот здравствен билтен стои дека денеска починале четири лица од кои тројца од компликации од коронавирусот. Пациентите се на возраст 60 до 80 години од Штип, Радовиш, Делчево и Пробиштип. Директорот на штипската Клиничка болница, Ален Ѓеорѓијев вели дека притисокот е голем и во дневната амбуланта, каде имаат и над 100 прегледи. Бараат и да се активира и кочанската болница за згрижување на ковид пациентите.
Направена е нова реорганизација на Инфективното одделение за да се одговори на притисокот од пациенти од целиот источен регион. Засега не се размислува да се отвори и модуларната болница, од причина што над 15 лекари, медидицински сестри, техничари и болничари се заразени и се на домашно лекување
Засега имаат реагенси за комплетно лабараториско испитување на пациентите, на штипското Инфективно хоспитализирани се 52 пациенти, од кои 10 се вакцинирани, а останатите над 40 пациенти не се имунизирани. Околу 70 % од пациентите кои се од повозрасната популација се на кислородна поддршка.
Викторија Јованова