Вести Македонија Најважни

ФОТО: Целосно изгорена зградата на Жито Битола- ризичната пожарникарска операција отежната поради внатрешните подови премачкани со горено масло

Покривот го нема, фасадата стои, административната зграда на Жито Битола е целосно изгорена, а првичните сомнежи се дека пожарот избувнал на покривот.

Сите битолски пожарникари, 30 на број, учествуваа во гаснењето на големиот пожар, а интервенцијата по синоќешното локализирање од превентивни причини траеше до рано утрово.

Пожарникарите се соочиле со ризична операција бидејќи во зградата немало бетонски плочи на катовите туку подови со дрвени греди намачкани за заштита со горено масло. Поради тоа, огнот се ширел и пуштал густ чад, со што била отежната интервенцијата на битолските пожарникари.

Покрај нив и пожарната служба на РЕК Битола учествувала во гаснењето, соопшти комбинатот.

Зградата која изгоре е стара 120 години, градена е во време на османлиското царство, но никогаш не била заштитена како историски или културен објект иако е стар еден век и две децении.

Спасени се силосите со жито, и не е изгорено ништо во тој објект, а пченицата е сочувана.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе