Во редовната полициска контрола изминатава ноќ биле откриени и санкционирани над сто возачи кои возеле пијани.
Санкционирани се 247 возачи за брзо возење.
Од нив 17 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 82 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 165 надвор од населено место, соопшти МВР.
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се наведува во соопштението.© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.